Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Уметници од Македонија во светот

Илка Истрефи

 Илка Истрефи е по потекло од Струга, а за свое работно место и живеалиште го има одбрано Лондон. Од време на време доаѓа во Струга каде што ужива со пријателите во убавините на Охидското езеро.
Има настапувано на повеќе концерти на секаде по светот, при што ги изведува делата на Шопен, Бетовен, Моцарт итн.
Во Македонија има настапено на Охридско лето во 2007 година и во Скопје на рецитал одржан во Музејот на град Скопје во 2009  година.
Истрефи дипломирала на престижната Њујоршка музичка школа Џулијард. Има одржувано рецитали во Англија, Јапонија, Данска, Норвешка,  Италија и Израел.
Исто така има забележителни настани во Кенеди центарот за изведувачки уметности во Вашингтон. Илка Истрефи има забележителен  настап на Кралскиот музички колеџ во Лондон.