Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Уметници од Македонија во светот

Градимир Панков

Градимир Панков е балетски уметник и педагог. Своите почетоци по танц ги направил во својот роден град како член на Националниот  балет. Средното балетско образование го завршил во класата на Олга Милосавлева и на Миле Јовановиќ. Македонија ја напушта 1963  година, но со гордост се сеќава на неа сиве овие 50 години.
Во почетокот на кариерата настапува во Националниот балет во Скопје, каде добива мали и големи улоги, меѓу кои најдрага му била   улогата во балетот „Ромео и Јулија“ од Прокофјев. Во осумдесеттите години е уметнички кодиректор на „Нидерланд денс театар“Со овој  театар, Панков има настапувано низ многу земји: Швајцарија, Франција, Белгија, Египет и други. Најголемиот успех го бележи во  Канада, поточно во Монтреал, каде што живее и твори до денес.