Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Уметници од Македонија во светот

Гордана Кекеновска Коларова

 Гордана Кекеновска Коларова е македонска сопранистка која дипломираше и ги заврши магистерските студии по оперско пеење во  Државната музичка академија „Панчо Владигеров“ во Софија, во класата на професор Мила Дјулгерова. Специјализира во националниот  регионален конзерваториум во Монтпелје, Франција каде што учи кај светски познатата оперска пејачка Франсоа Полет.
Потоа заминува на усовршување во САД каде што работи и живее неколку години, а потоа се враќа во Европа и живее во Швајцарија во  местото Шпрајт Ембах, кое е блиску до Цирих и Баден. Во меѓувреме додека студираше во Софија, се запознава со сегашниот маж,  Бугарскиот пијанист Бојан Коларов, со кого често настапува заедно.
Преку своите настапи таа не нуди само прекрасно пеење туку и драма, емоции и енергија која што ве плени при првиот контакт со неа.
Гордана и нејзиниот сопруг Горан, го формираат дуото „Коларов“ кое е плод на нивната љубов и кое сега и во иднина на публиката им  дарува незаборавни и искрени моменти.
На нивната програма место пронајдоа вокалните циклуси на Шуберт – Сулејка (две песни на текст од Гете, како и мегапопуларните  „Гречен со вретеното“ и „Серенада“, потоа „Пет популарни грчки песни“ од Равел „Циганските песни“ од Дворжак и три народни песни  обработени во класичен стил од П. Владигеров, Г. Костов, и М. Големинов. Оваа концертна програма е специфична порани нејзината  структура бидејќи сите композиции се напишани во жанрот „Камерна музика“, односно напишани се за дуо како музички состав и  пијаното нема функција на изолирана музичка корепетиција.