Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Уметници од Македонија во светот

Ѓорги Даневски

 Даневски : Животот на човекот понекогаш личи на едро на кораб, примајќи ги ветровите, а секогаш неизбежен е кармичниот расплет.
* Сакав на мојот македонски народ кој е оспоруван, опожаруван, касапен и од сопствените луѓе, да му возвратам со еден симбол.

* Мојот астрален свет, мојата љубов му припаѓа на Универзумот. Но, тој Универзум започнува со македонското ѕвездено небо. Јас  никогаш нема да се откажам од простите, едноставни образи на македонскиот селанец, тие лица се како празник за мене.
Ѓорги Даневски живее и работи во Торонто, Канада.  По потекло е од Виница. Започнал инстинктивно  да слика на четиригодишна  возраст. Славчо Вандерот од Виница, кој работел во едно угостителско претпријатие бил човек кој сакал да црта и од чии цртежи  малиот Даневски се воодушевувал. Тој всушност бил неговиот прв учител.. По завршеното основно училиште во Виница се запишува во  Средното Училиште за Применета Уметност во Скопје, а потоа продолжува со академски студии на Љубљанскиот универзитет. Станал  зоограф поради нашето поднебје, односно македонските мајстори што го дале второто златно доба на таа империјална уметност.  Даневски е познат сликар, а неговата страст е живописање на цркви. Тој го наслика фрескоживописот на македонската црква „св.  Димитрија Солунски“ во градот Маркам, близу Торонто, Канада. Стотиците ликови на светци, ангели и селани, манифестираат радост и  болка, љубов и омраза, а ги цитира и зборовите на Даневски дека самото сликање на фрескоживописот, како и резултатот "се славење  на љубовта - кон Бога, хуманоста и убавината". Ова е наjголемо уметничко дело во Северна Америка.
Фрескоживописот во црквата "Свети Димитрија Солунски" се слика на површина од 600 квадратни  метри.
Градските татковци на Маркам веќе ја сметаат црквата "Свети  Димитрија Солунски" за извонредно важен културен споменик на градот и  уште сега најавуваат голема свеченост при неговото отворање со присуство на високи гости од Федералната влада, како и од  Македонија. 
Неговата љубов кон Бога му дава инспирација што да наслика на ѕидовите на таванот на црквата. Уметникот Даневски, исто така е  автор на фрескоживописот во Соборната Црква „св.Климент Охридски во Скопје“, како и на истоимената најстара и најголема македонска  црква во Торонто и други цркви во Македонија, САД и Канада.