Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Уметници од Македонија во светот

Елизабета Петровска

 Елизабета Петровска живее и работи во Хрватска. Таа е добитник на наградата за најдобра книга од македонски автор од дијапората.  Наградата „Стојан Христов“ ја доделува „Струшки вечери на поезијата“, а конкурсот го распиша Агенцијата за иселеништво на Р.  Македонија. Оваа награда Елизабета Петровска ја доби за книгата „Солзи полни насмевки“. Нејзините песни се напишани од душа и ако  се опеат на било кој јазик тие би звучеле исто – длабоко, храбро, носталгично и вдахнувачки.
Значајни поетски имиња од светската поезија истакнуваат дека Петровска станува препознатлив модерен поет. Покрај нејзината прва  поетска книга  „Солзи полни насмевски“ издадена во 2010 година, Петровска ја напиша и „Сјајот на скршениот кристал“, која е  напишана на два јазика: македонски и хрватски, а излезе во издание на Заедницата на Македонците во Хрватска.