Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Уметници од Македонија во светот

Благоја Јовановски

Благоја Јовановски е по потекло Македонец, а живее и работи во Хрватска. По професија е  писател, а неговото долгогодишно работно и животно искуство го преточува во книга во  која се појаснуваат вековните врска помеѓу хрватскиот и македонскиот народ. Оваа книга  ги опфаќа врските помеѓу овие два народа, од доселувањето на овие простори, ширењето на  писменоста и христијанството при патувањата и посланијата на светите браќа св. Кирил и  Методиј и нивните ученици. Во најнов период и најјасен дел за кој говори книгата е  десетгодишната блискост помеѓу двете самостојни држави кои настанаа кон крајот на  дваесеттиот век и продолжуваат во дваесет и првиот век. Книгата „Хрватско-Македонските  односи низ векови“ ја издаде „Заедницата на Македонците“ во Рпублика Хрватска, а  рецензенти се др. Борислав Павловски, др. Милорад Никчевиќ и професор Зденко Самарџија.