Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Уметници од Македонија во светот

Билјана Гарванлиева

Билјана Гарванлиева е родена во Скопје, а по нејзините студии на Филолошкиот Факултет   и Факултетот за дррамски уметности, при универзитетот св. Кирил и Методиј, Скопје, таа  доби DAAD стипендија и се преселува да работи во Берлин.
Најпрвин има работено како радио новинар, а исто така има напишано неколку драми за  театар, за подоцна да започне да работи како режисер. Нејзиниот деби филм “Македонскиот  Сон-Девојчето и нејзина-та хармоника “  се здоби со најважната германска награда за  краток филм, "Goldene Lola", а исто така и германската Axel-Springer награда за млади  новинари. На филмот му беше  доделена награда и на фестивалот  Zagreb Dox.
На 10.03.2012 година во Домот на АРМ во Струмица во рамки на Тивериополските филмски  вечери се одржа проекција на трите документарци на македонската авторка Билјана  Гарванлиева: „Девојчето и нејзина-та хармоника” (2007г), „Девојчето бере тутун” (2010)  и „Шивачките”(2011).
Тие документарци ги освоија вредните награди на Фестивалот за документарни и анимирани  филмови АСТЕР ФЕСТ, но и бројни награди и признанија на фестивали ширум Европа и  светот.
Поздравувајќи ги присутните, режисерот Горан Тренчовски истакна дека е горд што првата  Тивериополска филмска вечер во 2012 година ја посветува на Билјана Гарванлиева, младата  македонска авторка која со својот талент и прекрасни дела, успеа да се вивне високо на  европското документаристичко небо.
По проекцијата на филмовите Гарванлиева одговараше на голем број прашања поставени од  посетителите. Истакна дека е среќна што преку своите документарци открила и на светот  му ја покажала желбата на талентот да се развива и бори и да го бара своето место под  сонцето. Таа е задоволна што со помош и разбирање на своите продуценти може да ги  реализира своите уметнички немири.
- За жал овде во Македонија, документарецот е неоправдано маргинализиран и истиснат,  како од кино репертоарот, така и од телевизиските програми, вели Гарванлиева.
Средбата со струмичката публика, Билјана Гарванлиева го искористи за најава на новиот  документарец во кој, за разлика од досегашните три во кои дејствијата беа во Струмица,  Радовиш и Штип, главниот лик и амбиент го наоѓа во Тетово.