Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Уметници од Македонија во светот

Александар Петров

Александар Петров е перкусионист, има завршено музички конзерваториум во Париз, на  отсек ударни инструменти во 2002 година, кога и целосно се посветува на својата  кариера, повеќе во Европа отколку во Македонија, каде што навраќа одвреме навреме со  свои настапи. Тој е дел од интернационалниот состав „Бејс Квартет“ во кој, освен него  членуваат и Теодосиј Спасов – кавал (Бугарија), Васил Хаџиманов – клавијатури (Србија)  и Башар Кхалифе – перкусии (Либан). Оваа музичка група во изминатиот период стана  позната на многу европски музички сцени.
Најпознато нивно CD (албум) е „Без прозор“, кој што е издаден во Франција, Австрија,  Хрватска, Бугарија и др. Во нивната музика се чувствуваат Балкански примеси од  музичкиот фолклор.
За неговата група „Бејс Квартет“ не е проблем заедничкото работење иако се од различни  земји. Нив ги спојува музиката  која е јадро на нивнотот успешно фунционирање. Тие се  среќаваат тогаш кога музиката треба да ја доживеат на концерт или за снимање на нов  албум.