Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Уметници од Македонија во светот

Лидија Димковска

, родена 1971 год. во Скопје (Македонија), студирала општа и компаративна книжевност на универзитет во Скопје, а докторирала на тема за  Никита Станеску на универзитетот во Букурешт. Моментално живее и работи како лиричар, есеист и книжевен преведувач во Љубљана, Словенија. Од 1991 год. објавила пет збирки поезија и два романа за кои е наградена со наградата ,,Стале Попов,, од Друштвото на писатели на Македонија. Првата награда ја доби за романот ,,Скриена камера,, во 2005 година а по втор пат е наградена 2013 година за новиот роман ,,Резервен живот,,. Некои од поетските книги и се преведени на странски јазици, а добитник е и на повеќе меѓународни награди од кои две во Романија и една во Германија ,,Хуберт Бурда,, една со номинација за ,,Берлински мост,, итн.