Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Уметници од Македонија во светот

Александар Георгиев

Александар Георгиев е роден во Скопје. Се занимава со модерен танц, со кој е познат низ Европа и светот. Најчесто се сели и живее низ повеќе европски земји, во зависност од неговиот ангажман, а најчесто е на релација: Софија – Љубљна – Белград – Берлин итн.
Има живеено и во Ирак, Кувајт, Србија и Бугарија.
Георгиев дипломирал во 2008 година во танцовиот театар на „Новиот бугарски универзитет“ во Софија. 
Во Европа го сметаат за еден од наејталентираните танчери на современ танц. Георгиев е дел од бројни програми за танц низ повеќе земји. Досега има работеново многу претстави меѓу кои: „Стручни ефекти“ во 2005, „Балетска музика за двајца љубовници“ во 2007, „Кулата“ во 2008, „Сергеј и Владимир“ исто во 2008 година, „Човек јаболко“ во 2009 и „Чаша на љубовта“,  „Формула“ во 2010 и други.