Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Уметници од Македонија во светот

Исмаил Лумановски

 Исмаил Лумановски е роден во Битола, а започнува да свири на кларинет уште од деветгодишна возраст. Неговото дебитирање во САД  беше настапот Weber’s First Clarinet Concerto во Interlochen, Michigan во 2002. Тој има музичка диплома од престижниот Juilliard  School of Music од New York.
Талентираниот македонско-турски кларинетист е музичка сила од страст и динамична виртуозност. Лумановски веќе има изградено  кариера како солист и како член на музичка група во класичен стил, а исто така и поширок музички репертоар. Во неговиот талент се  забележува синергија помеѓу духот на фолклорната и дисциплинираноста на класичната музика.
Лумановски има настапувано во САД, Европа, Блискиот Исток и Кина. Има настапувано на многу сцени како Rathaus (Vienna), Carnegie  Hall (New York City), SummerStage (New York City), Salle Pleyel (Paris), Emirates Palace (Abu Dhabi) American University (Dubai),  Kartaj (Tunis), Kenedy Center (Washington), Peter Jay Sharp Theatre (New York), Avery Fisher (New York), Beijing Concert Hall  (Beijing), Luzerner Saal (Luzern)  и Severance Hall (Cleveland). Со неговите настапи ја воодушевува публиката ширум светот, а исто  така тој е горд учесник на дебито во Њујорк на Концертот на кларинетниот квартет со музичари од Новиот Ансамбл на престижниот  Џулијард и Фестивалската академија од Луцерн заедно со Maestro Boulez.
Добитник е на многу награди како: 1во место на 23тиот, 24тиот и 25тиот, Натпревар по кларинет во Македонија, Натпреварот Juilliard  Clarinet Concerto , Интернационалниот натпревар на млади артисти во Бугарија, Националниот фолк музички натпревар во Македонија и  второ место во Натпреварот по кларинет Andreas Makris , во Колорадо. Освен тоа Лумановски ја има освоено два пати наградата “Fine  Arts” на Академијата Interlochen Arts. Исто така има  освоено прва награда на музичкиот натпревар Arriaga Chamber .
За неговите настапи имаат пишувано пофални зборови бројни музички критичари и угледни медиуми како New York Times. Дипломец е на  престижната музичка акедемија Џулијард и претендира за магистратура и е добитник на стипендиите Satterhwaite Scholarship, Benjamin  and Hadassah Michtom Scholarship и Martha Dwight Douglas Memorial Scholarship.
Лумановски на професионален план соработува со извонредни и талентирани музичари како: Marcel Khalife, Al Di Meola, Husnu  Senlendirici, Ivo Papazov, Selim Selser, Vasilis Saleas, Selloane Nkhela, Zulfu Livaneli и Yeni Turku.
Лумановски исто така извонредно импровизира и изведува македонска, турска и ромска музика, а во поново време има одржано турнеи со  реновираниот бенд New York Gypsy All-Stars и со нив има настапувано низ САД и Турција.
Делата на Лумановски исто така може да се слушнат на аудио записите со Liquid Clarinets, New York Gypsy All-Stars, Grneta  Ensemble, Balkan Beat Box и Love is the way.