Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Уметници од Македонија во светот

Зоран Карапанчев

Зоран Карапанчев е роден 1957. во Скопје, каде што завршува Електротехнички Факултет и работи како инжинер. До иселувањето во Канада во 1988. работи и како хонорарен новинар во бројни весници и магазини во Македонија и тогашна Југославија, а во 1983. работи и како професионален новинар во Радио Телевизија Скопје.
Денес живее во Торонто , Канада и раководи со својот бизнис „ АБЦ Продукција и Издаваштво “.
Станува член на литературното друштво „ Браќа Миладиновци “ уште во првата година од своето доаѓање во Канада и активно пишува песни, настапува на прослави и техничко уредување во списанието „ Литературна Мисла “.
Добитник е на повеќе награди и признанија меѓу кои се и Првата награда на традиционалниот Југословенски натпревар „ Недела на радиото “ на Југословенските радио станици во Охрид 1983. , „ Благодарница за особен придонес во развојот на печатот за деца во Македонија “, интернационалната награда за „ Креативност во видео продукција ВЕВА “, како и „ Сертификат за долгогодишна истакната и посветена работа “ од македонската телевизиска програма „ Македонски корени “ во Торонто.