Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Уметници од Македонија во светот

Маја Доневска - Ивановска

Маја доневска – Ивановска е родена во Скопје на 24 март, 1979 година. Се занимава со пишување на поезија и проза уште од своето рано детство. Во 2002 година заминува во Канада, каде што работи живее до денес.
Во 2001 година дипломира на Факултетот за Национално и Световно Стопанство во софија, на отсекот  за Маркетинг и Менаџмент.
Едни од позначајните песни што ги има напишано се: „Сонувам“, Дрвото на животот“, „Љубов“, Ќе те наречам вечност“, „Две судбини“ и други.
Пред своето заминување во Канада, Доневска е присутна на Македонските електронски медиуми како водител на забавната програма на Канал 5 телевизија и на Македонска телевизија. Во 1999 година работи како маркетинг асистент менаџер во компанијата „Аква соурс Интернационал – Македонија“ , а во истата компанија во 2002 ја добива работната позиција извршен менаџер во истата компанија, каде ја раководи компанијата се до нејзиното заминување во Канада.
Во Канада, односно Торонто, Ивановска зема активен дел во Македонската заедница.  Така во 2002 година е активна во емисијата „Час на Македонски корени“ која се емитува секоја сабота на ОМН 2 телевизија гледана ширум Канада и дел од Америка. Од 2003 година е член на МПЦ „Св. Климент Охридски“ во Торонто каде што е организатор на поголемите настани, поврзани со Македонската заедница во Канада. Во 2009 година станува дел од управниот одбор на МПЦ „Св. Климент Охридски“ во Торонто и извршува функција како заменик благајник се до 2012 година. Во 2010 година на првата конференција на Иселеници во Скопје, организирана од страна на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија, Маја Доневска – Ивановска е изгласана за претставник на медијата за Канада и Америка.