Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Истакнати иселеници бизнисмени од Македонија

Владо и Мила Најденовски и Весна и Петар Ѓорѓевиќ

,,СЕРДАР,, -Македонска Кафеана во Брисел

Во централното подрачје во Брисел, главниот град на Белгија, веќе 13 години работи кафеаната ,,СЕРДАР,, основана од Македонци иселеници Владо и Мила Најденовски и Весна и Петар Ѓорѓевиќ.

Кафеаната ,,Сердар,, располага со 42 места, украсена со графики на реномирани македонски уметници како Глиогор Чемерски, Димитар Малиданов, Илија Пенушлиски.
Во посебно катче од кафеаната е сместена мала библотека во кое се наоѓа литература за македонската резба, монографии за македонски сликари, и други дела од македонски автори.

Амбиентот на кафеаната го дополнува и музиката , напладне се слуша класична музика или џез, инструмантални изведби, а вечерните часови се резервирани за стари македонски песни.
Во кафеаната доаѓаат воглавно белгијци и англофони, има гости од Македонија, Словенија, Русија, Романија и од други земји, а го посетуват и познати македонски политичари , странски претставници и Амбасадори.
На менито нудат разновиден избор со богати француски ,белгијски и традиционални јадења како : бурек, кебапи, турли тава, тавче гравче кои со подеднакво задоволство се сладат и самите белгијци.