Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Уметници од Македонија во светот

Неда Лозановска

Неда Лозановска родена е во село Штрбово, Преспа каде што го минува детството. Во 1971  година заедно со семејството заминува во Канада, каде останува да живее и работи. По  професија е шивачки дизајнер, но и писател на поезија.
Активен член е на Литературното друштво „Браќа Миладиновци“ културна секција при  македонската православна црква „Св. Климент Охридски“ во Торонто. Член е на ддруштвото  на писатели на Македонија од 1997 година. Добитник е на наградата „Иселеничка грамота“  на Струшките вечери на поезијата во 1994 година. Поезијата на Лозановска се објавува по  разни медиуми и книги во дијаспората, но и во Македонија.
Нејзини најпознати објавени збирки се: „Молк“ во 1993 година, „Напуштени дворови“ во  1994 година, „Премолк“ во 1998 година, „Подмамка“ од 2000 година, „Туѓи патишта“, во  2004 година, „Бесоница“ во 2008 година, „Разделба“ во 2011 година и други.