Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Уметници од Македонија во светот

Нада Прља

Нада Прља е родена во Скопје, а денес живее во Лондон, Англија. Академија за ликовни  уметности завршила во Скопје. Прља е член на Управниот одбор на отворен простор –  отворен систем во Виена, Австрија. Учесник е на Берлинското биенале 7 во 2012 год. Таа  имаше бројни самостојни и колективни изложби.
Прља е уметник чија работа се занимава со комплексни ситуации на нееднаквост и неправда  во општествата, кои се движат од политичко економски прашања. Последниот таков проект е  „ Ѕид на мирот “ кој е изграден на централната улица Фридрих Штрасе во Берлин. Овој „  ѕид “ долг е 12м. а висок 5 м. и претставува еден вид поделба помеѓу сиромашните и  богатите, односно социјалната поделеност.
Добитник е на повеќе награди и признанија за своите изложби меѓу кои се издвојуваат:  Меѓународниот барок ( ефикасност на документација ), Напредна наука на морфологијата (  Загреб ), Напредна наука на морфологијата ( Лондон ) и др.