Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Уметници од Македонија во светот

Геновева Кристов

Геновева потекнува од Ресен. Дипломирала на Факултетот за уметност и дизајн во Колумбус, Охајо. Работи како независен моден дизајнер.
Генова претпочита материјали со изразит состав:  Многу често во мојата колекција користам кожа, комбинирам со свила, користам шифон, шармуз.Нема омилена боја. Вели - сите се убави на свој начин, но додава дека дизајнерот мора да ги следи модните трендови. Албер Елбас и Александар Меквин - и` се омилени креатори. Во креациите не користела традиционални македонски мотиви, иако тоа не го исклучува за во иднина.
Младата дизајнерка Геновева Кристов на Интернет се информирала за конкурсот на марката Андријана Папел, „Во живо од црвениот тепих во Лос Анџелес“ , на кој пратила дизајн за вечерен фустан за церемонијата на доделувањето на Оскарите.
Од 676 дизајнери, го освои второто место, што и` ги отвори вратите на стоковните куќи ширум САД.
Мислам дека живеам за модата. Освен што сакам да креирам, сакам и да носам убава облека. Отсекогаш сакав и следев мода и ме привлекуваат невообичаени, несекојдневни работи , вели македонската дизајнерка.