Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Уметници од Македонија во светот

Илија Пиперкоски

Режисерот Пиперкоски во неговото последно филмско остварување ја третира темата на предавството, раскажана преку бурниот живот на младите луѓе во Букурешт, кои под влијание на алкохол, дроги, не размислуваат рационално, туку водени од инстинкти и нагони го живеат својот секојдневен живот полн со страсти и гревови, се до моментот кога нема простор и време за да се вратат назад и да си ги поправат своите постапки, грешки, искажани зборови...
Самиот автор вели дека човек никогаш не може толку да си го упропасти животот кога сака да го поправи, а не знае ни зошто ни како да го поправи, ниту знае дали тоа е поправување или расипување, особено ако го изгуби својот мир.
- Во филмот луѓето го добиваат тоа што треба да го добијат, што не е секогаш она што го заслужуваат, вели режисерот Пиперкоски зборувајќи за своето најново дело.
Фестивалот во Темишвар што се одржуваше на отворена сцена од 3 до 6 мај, важи за еден од најпознатите филмски фестивал за кратки филмови во Југоисточна Европа.
За филмот "Матасари", режисерот Илија Пиперкоски ја има добиено и наградата за најдобар краток филм на годината во Романија, а добитник е и на втората награда на 30-то издание на Фестивалот на филмската камера "Браќа Манаки", за неговиот филм "Крв и мед".
Филмот "Матасари" на младиот охридски режисер Илија Пиперкоски ја освои првата награда на Фестивалот за кратки филмови "Тајмшорт" што се одржа во романскиот град Темишвар.
Станува збор за награда за најдобар романски филм во национална конкуренција, на која Пиперковски се натпреваруваше како постдипломец по режија на Филмската академија "Јон Лука Караџијале" во Букурешт.