Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Уметници од Македонија во светот

Огнен Трпески

Огнен Трпески сними песна на англиски

Охриѓанецот Огнен Трпески, кој пред неколку месеци победи на изборот за најдобар дизајн за кампањата против глад во САД, организирана од страна на „Корнфлекс чириос“ и синџирот маркети „Шопрајт“, ќе снима албум на англиски јазик.

Младиот дизајнер, кој живее, дипломира и работи во Америка, ја сними својата прва англиска песна што го носи насловот – Bring it down. За музиката и за аранжманот се погрижи Даниел Јовески („Састејн ентертеинент“), а текстот го напиша Огнен.

Ова не е негов прв обид во музиката. Тој досега има снимено албум на македонски јазик под наслов „Фантом“, а на него се наоѓа и песната „Магичен круг“, која е снимена во дует со Андреј ДНК.

Неодамна Огнен, заедно со Крис Гарднер, сценарист на филмот „Потрага по среќа“ со актерот Вил Смит, ја пушти во продажба новата серија од 250 илјади производи на „Корнфлекс“ со победничкиот дизајн. Победничкиот дизајн, освен на производите на „Корнфлекс“, е поставен и на огромни постери во маркетите низ Америка, а испечатени се и илјадници маици.

Веќе подолго време живее во Парамус, Њу Џерси, каде што дипломира и стана графички дизајнер. Беше дел и од изборот за најдобар дизајн за потребите на поп-пејачката Мајли Сајрус.