Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Истакнати спортисти од Македонија во светот

Ана Брзова

Македонката Ана Брзова го освои Националното првенство на САД во платформ тенис, во двојки јавува МИА.

platform-tenis-500

По победата во финалето, што се одржа во неделата во Њу Џерси,  Брзова е прворангирана на листата на АПТА (Американска асоцијација за платформ тенис),  во конкуренција на двојки заедно со нејзината партнерка Вики Стокласова.

Двете влегоа во историјата на плаформ тенис како први натпреварувачи родени во странство кои победиле на првенството на АПТА.

Македонката Ана Брзова настапува на турнири во овој спорт пет сезони, а со Стокласова играат заедно веќе две години.

brzova-500

Фото/Ана Брзова (десно) и Вики Стокласова

Брзова живее во Америка од 1999 година. Се образувала во неколку земји и зборува пет јазици. Во САД дошла со стипендија за тенис и одбојка на Иона Колеџот.

Платформ тенис е спорт измислен во Америка во 1928 година. Се игра на терен со големина на една третина од вистинско тениско игралиште, заградено со висока ограда слично како сквош. Нема двојни линии и мрежата е поставена пониско. Рекетите за платформ тенис се со дијаметар од 18 инчи и се обложени со сунѓереста гума. Се игра со топче со стандардна големина, но помеко од она за тенис