Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Истакнати професионалци од Македонија

Маја Мишева

МајаМишева – Македонка која  ја освојува Америка во областа на информатиката

 
 Маја Мишева  од неодамна е дел од младите умови на престижните американски универзитети, Хар Беркли, Хјустон и Принстон. Маја Мишева е родена во Штип, каде го заврши и факултетот на државниот универзитет Гоце Делчев Штип и се здоби со диплома за завршен информатичар која од пред  две години беше нострифицирана од американската државна Агенција за нострифицирање на дипломи од странски универзитети и сите универзитети во САД.
Повеќе од една година Маја работи како асистент на факултетот за информатички науки во еден од најмладите американски универзитети-Пејс од Њујорк. Нејзината ај пад мобилна апликација, информатичарите и експертите од САД, ја прогласија за најдобро изработен авторски проект помеѓу стотина пристигнати трудови од тамошни универзитети. Таа ќе учествува и во најголемиот светски конгрес за изработка на мобилни апликации во Барцелона, Шпанија.