Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Истакнати научници од Македонија во светот

Лејла Демири

 

 

Во јануари оваа година една од најпрестижните издавачки куќи во светот (Брил Accademic), објави книга напишана од Лејла Демири, иселеник научник од Македонија, насловена како "Муслиманското толкување на Библијата во средновековно Каиро" (Muslim Exegiseis of the Bible in Medieval Cairo).

 

Оваа книга е публикација на докторската тезата на која  Лејла Демири ја бранеше во 2010 година на Универзитетот во Кембриџ со наслов „Критички коментар на четирите евангелија Тората и други книги од пророците" што е превод од арапски јазик на делата на муслиманскиот научник  Неџмудин Ел Туфи.
Нејзината академска кариера е исклучителна. Таа магистрираше и заврши на Факултетот за исламски студии при Универзитетот Мармара во Турција, а подоцна од 2002-2004 студирала Христијанска теологија во Рим на Папско- грегоријанскиот Универзитет и Папско-ангеликумскиот Универзитет, каде што се стекнала со диплома (2003) и дозвола во верските студии (2004). По завршувањето на докторските студии во Кембриџ своето пост-докторско истражување го продолжува во Германија на тема: „Преглед на правилата за текстуално школување". Нејзините истражувањасе  фокусирани на ставовите на муслиманските теолози за религиозниот плурализам во доцниот ХVII и почетокот на XVIII век. Во моментов работи како професор по исламски студии на еден од најпрестижните и најстарите универзитети во Германија, Универзитетот во Тибинген.