Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Истакнати иселеници бизнисмени од Македонија

Стив Ставро in memoriam

in memoriam

 

Стив Ставро е роден во селото Габреш во Костурскиот регион во Егејска Македонија. Неговите родители емигрирале во Канада и отвориле мала месарница во центарот на Торонто на Квин Стрит и Коксвел. Потоа таа месарница се промени во пиљарница и набргу потоа беше отворена втората на Данфорт, во тоа време центар на Македонската Заедница. Семејството Ставро помеѓу Македонската Заедница беше познато како "Дикло", семеен прекар. До ден денешен некој Македонци се уште бизнисот со нивните пиљарници на Ноб Хил Фармс го викаат Дикло.

Едната пиљарница порасна во ланец на помали пиљарници и Стив го презема бизнисот од татко му. Тој го зголеми бизнисот од ланец на помали продавници во гигантски ланец на огромни, во стил на складишта, продавници какви што се денеска Ноб Хил Фармс. Со бројни продавници низ регионот на Јужен Онтарио, ланецот стана многу успешен и е еден од главните ланци на пиљарници.

Еднаш успешен во овој бизнис тој одлучи да ги насочи своите напори во некој други лични и бизнис интереси.

Се обиде во одгледувањето коњи за трка. Неговите коњи се натпреваруваа неколку пати годишно во регионот на Торонто. Еден од неговите коњи го има симболот на Александар Македонски, Македонското Сонце.

Тој исто така се обиде и во спортската индустрија кога го купи управувачкиот пакет на акции што ги поседуваше покојниот Харолд Балард од Торонто Мејпл Лиф. Откако беше главен во франшизата на националната хокејарска лига, во Торонто Мејпл Лиф, тој ги сврте своите интереси во експанзија на стадиони и направи неочекуван потег купувајќи ја франшизата на НБА за Торонто Репторс. Во моментов Стив Ставро е во процес на комплетирање на конструкцијата за главен стадион покрај брегот на езерото во Торонто, каде ќе се здомат двата национални тимови.

Во локалната Македонска Заедница тој е познат и по "пријателската" конкуренција со Македонецот Мајк Илич, кој го поседува ривалскиот НХЛ тим, Детроит Ред Вингс.