Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Истакнати иселеници политичари

Џим Биволцис

Џим Биволцис е роден во северниот дел на Грција, во селото Нерет, кое има долга македонска историска традиција. Во Австралија го однесоа како мало дете неговите родители Ристо и Фана, а воедно е и прв член на неговата фамилија кој завршил високо образование. Дипломирал на Универзитетот за уметност на Западна Австралија и многу години работел за водечки финансиски институции како што се Националната банка на Австралија, АМП.
Кон средината на животот го менува својот професионален правец и формира своја компанија OceanWest Financial Services.
Но, Џим не ги заборави своите корени. Во своите рани 50-ти тој за прв пат го посети семејното село Нерет и толку му се допадна што купи куќа која ја реновира и е редовен посетител со сопругата и трите ќерки.
Тој е активен и на политички план, учествувајќи како кандидат на годинашните Западно-австралиски државни избори како поранешен претседател на Македонската заедница за Западна Австралија. Г-нот Биволцис беше претседател во 2009 година со двегодишен мандат и истотака беше три децении член на Либералната партија. Меѓутоа, кога Либералната партија внесе надворешен кандидат, Џим си поднесе оставка и пристапи на Churchlands како независен. На изборите тој се залагаше за подобрување на заедницата и здравствените услуги, за безбедност и сигурност, протокот на сообраќај и животната средина.
На овој начин, неговото име се додаде на кусата, но растечка листа, Австралијанци со македонско потекло кои се кандидирале за Парламентот во Австралија.