Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Уметници од Македонија во светот

ТОНИ НАУМОВСКИ

Тони Наумовски Ротино е роден на 23 мај 1977 година во Сиднеј, Австралија. Тој е македонско-австралиски актер. Со глума започнал на 16-годишна возраст кога се придружил на „ТАЛИЈА“, локална театарска група во Македонија. Неговото прво професионално појавување беше во 1996 година во „Ромео и Јулија“, во продукција на националниот македонски театар од Битола.

Во 1996 година по долго двоумење да избере меѓу глума и музика, особено што потекнува од музичко семејство, тој одлучува да ја следи патеката на неговиот дедо Вангел и да го оствари „сонот на страста“.
Истата година тој е примен на една од престижните актерски школи во Европа, Националната академија за театарска и филмска уметност во Софија, Бугарија, каде што дипломира во 2000 година во класата на тројцата познати професори Стефан Данаилов, Илија Добрев и Ивајло Христов.
Три години подоцна (2003) магистрира на Универзитетот во Нов Јужен Велс во Сиднеј.
Во 2005 доби целосна стипендија од г-ѓа Ана Страсберг, вдовица на Ли Страсберг, да специјализира по Страсберговиот метод на глума.
Во периодот од 2005 – 2012 година посетувал предавања, работилници и семинари кај познати европски и светски предавачи.
Досега соработувал со многубројни признати имиња во светот на театарската и филмската уметност од Америка, Австралија и Европа.