Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Уметници од Македонија во светот

Илија Узуноски

Илија Узуноски е Македонски уметник кој работи во Австралија. Дипломирал на машинскиот факултет во Скопје. Апсолвирал на постипломски студии на градежниот факултет во Скопје. Работел како главен проектант во проектантско биро, а потоа како директор на градежна фирма во Битола. Крајот на 1987 емигрира во Австралиа. Во Сиднеј го продолжува образованието во друга насока. Се записува на Колеџот за Фина Уметност група Фотографија. По завршувањето на студиите, образованието го продолжува на постипломските студии на истиот Университет, и магистрира на Скулптура, а потоа магистрира по втор пат на ликовна уметност.

Илија е член на Мултикултурна Група на уметници “Се е за Вас” во Сиднеј
Илија до сега има одржано неколку самостални и групни изложби:
2013
·         Групна Изложба ТАП Галерија Сиднеј под име “Слобода”
·         Групна Изложба ТАП Галерија Сиднеј под име, “Младост”
2012
·         Групна Изложба Gaffa Galerija Сиднеј под име, “Корени” со групата “Се за Вас”
2011
·         Групна Изложба во галеријата Art House, Pitt Street Sydney со групата “Се за Вас” на тема “Transcendence”
·          Групна Изложба во галеријата “Menzies Art Gallery”, на финалистите на Paddington Art Prize, Australian Landscape Painting prize
·         Групна Изложба “The B&W Spider Award” with other finalists-London, UK
·         Групна Изложба “The B&W Spider Award” with other finalists-New York
·         Групна Изложба во галеријата Global Gallery, Paddington-Sydney со групата “Се за Вас”
·         Групна Изложба во -Сеоул, South Korea
2010
·         Соло Изложба – “Варијации и Структури”- Скопје, Македонија
·         Групна Интернационална Изложба – УСА
·         Групна Изложба – Колежот на Фина Уметност, Сиднеј
2009
·         Групна Изложба – Колезот на Фина Уметност, Сиднеј
2008
·         Самостојна Изложба под име – “Гласот на Сиднеј преку Портрети”- СиднејConservatorium of Music
·         Самостојна Изложба “Битолски Икони”– Битола, Македонија
2007
·         Самостојна Изложба - St.George Regionalen Muzej-Hurstville
2006
·         Самостојна Изложба – Sydney Conservatorium of Music
·         Групна Интернационална Изложба – Москва Руссиа
·         Групна Изложба на финалистите за портрети при интернационалниот институт на професионални мајстори
2004
·         Самостојна Изложба – Битола, Македонија
2003
·         Самостојна Изложба – Hurstville Civic Centre
·         Самостојна Изложба – Rockdale Town Hall
2001
·         Групна Изложба – 1/1 Hickson Rd. Gallery, The Rocks
2000
·         Самостална Изложба – Gala Gallery, Brighton Le Sands
·         Групна Изложба – Beijing, China
 
 
Исто така за својата работа од областа на уметноста Илиа е наградуван повеќе пати:
*2000 год. Златна награда за Професионален Фотографер на годината во Нов Јужен Велс од областа на естетичната Фотографија
*2000 год. Сребрена награда за Професионален Фотографер на годината во Австралија во категоријата “ Уметнички Портрет”
*2003 год. Сребрена награда за Професионален Фотографер на годината во Нов Јужен Велс во категоријата “ Уметнички Портрет”
*2004 год. Сребрена награда за Професионален Фотографер на годината во Нов Јужен Велс во категоријата “ Фина Уметност”
*2004 год. Сребрена награда за Професионален Фотографер на годината во Австралија во категоријата “ Природа”
*2006 год. Сребрена награда од Светскиот институт на професионални Фотографери во категоријата “Уметнички Портрет
*2010 год. Финалист на фото конкурс во Америка
*2011 год. Награден со две слики на светскиот натпревар во категорија на Абстракт
*2011 год. Финалист на натпреварот Австралска природа
-Инспириран од работата на Илија Узуноски, посебно од портретите на Македонските музичари во Сиднеј, музичарот и композиторот Петар Јованов, во склоп на неговиот Докторативен истражувачки проект на University of Western Sydney, изкомпонира четири композиции под име “Uzunoski Suite” во кој се искористени елементи од традиционалната Македонска музика а исто и компоненти од филмска музика - Културен Разговор Помеѓу Исток и Запад.