Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Уметници од Македонија во светот

Наке Туфекчиев

 Наке Туфекчиев

Роден  1948 година, во Струмица, Република Македонија. Потекнува од потомци прогонети од Окупирана Беломорска Македонија, дедото Наке Туфекчиев виден деец од старото ВМРО во 1920 година, а другиот дедо е учесник во Илинденското востание.

 

 ОБРАЗОВАНИЕ

Основно училиште и гимназија заврши во Струмица.

Студира:археологија,електроника,во Белград,фото,компјутери,видео продукција,лекување со Теслини струи во Шведска и др.

Хоби

Електроника,компјутери,професионален фотограф,слободен новинар за Шведската телевизија,и други медии,

и се занимава  со фотографирање,радиоаматеризам-Македонски повикувачки знак прва класа Z33МК,

 

 

 

Мојот филм “Еден ден во Скара” беше прикажан на Македонската телевизија 1989 година,како продуцент,режија,и др.

 

АКТИВНОСТИ

Од 2002 почнува мојата донаторска активност,

Архив на Република Македонија-со донации од преку 200 книги и документи за Македонската историја е основан фонд Наке Туфекчиев со законски акт, денес меѓу трите најголеми приватни фондови во државата,-Благодарница од Државниот архив на Република Македонија

Кинотека на Македонија-е основан фонд Наке Туфекчиев како најголем донатор на кинотеката со околу 300 донирани објекти и е  најголем во државата,со ретки објекти што се изложени при влезот на кинотеката,наградена  со повелба од Кинотеката на Македонија во 2006.

Астерфест-Струмица основач и донатор на специјалната награда “СТАР ЗЛАТЕН ПРОЕКТОР” кој се доделува осма година по ред.

На лична иницијатива со лична донација од околу 120 дела:графики,масла,скулптури и книги.Основач и председател на Македонско-Шведски културен центар во Струмица,заверено во централен судски регистер Струмица

Подарена од семејна кука резбарена таваница со сонцето од Кутлеш на музејот во Струмица денес изложена во реновираната Турска пошта во Струмица.

Изградена подарок чешма од семејство Туфекчиеви во црквата Свети Горги во Струга кај се наога и денеска има спомен плоча со натпис.

Подарено пиано од 1882 година на Музејот на македонската борба за државност и самостојност.

За своите заслуги е прогласен од СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС со највисокото светско семакедонско признание-почесна титула  Македонски Сенатор

Добиена награда 2011 година за најголем филантроп од целокупната дијаспората за 2010 година,што ја доделува ЦИРА од Скопје

Прв македонски акредитиран фотограф во кралскиот дворец

Активен член во управата како секретар на македонското друштво Даме Груев во Стокхолм. А како делегат на истото избран во  повеке наврати во управата на Македонскиот сојуз во Шведска.

 

СЕГАШНА ПОЗИЦИЈА

Председател на З.К.ВМРО-ДПМНЕ за Стокхолм

Акредитиран од Светскиот Македонски Конгрес како шеф на канцеларија за врски и координатор за Исланд, Шведска, Норвеска, Финска, Литванија  Естонија и Летонија