Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Уметници од Македонија во светот

АНА МАТОВСКА

Ана Матовска е родена 1982 година во Скопје. Своето универзитетско образование го започнува 2001, а дипломира 2006 на Академијата за уметност во Скопје во класата на проф. Димитар Малиданов, отсек за графика и графички дизајн. Веќе следната (2007) станува член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ). Две години подоцна, во 2009 се иселува во Република Германија. Твори во Берлинската техничка школа, отсек за Комуникациски дизајн.

Има добиено две награди во татковината, 2005 за автор на постерот за 60-годишнината на АСНОМ и Прва награда за графика „Димче Николов“ – ДЛУМ (2007). Досега имала четири самостојни изложби од кои две во Прима Центар во Берлин (2007 и 2009), Музеј на град Скопје (2007) и Галеријата на Македонскиот центар во Њујорк (2012).

Има учествувано на девет групни изложби во периодот од 2004 до 2011 година, најчесто на релација Скопје – Берлин, а 2008 на изложбата „107 македонски уметници во Париз“, Франција.