Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Уметници од Македонија во светот

Мимоза Велиу

Мимоза Велиу е родена во 1979 година во Тетово, а од 2002 година живее  и работи во Берлин, каде студира медија дизајн. 

Фотографите на Мимоза се објавени во повеќе меѓународни специјализирани списанија и изданија. Соработува со познати уметници и автори.
Велиу досега имала самостојни изложби во Македонија, Германија, Шведска, Албанија, како и повеќе групни претставувања
. Изложувала и во следните галерии: Националната галерија на Македонија во Скопје, Националната галерија на Косово во Приштина, Националната галерија на Албанија во Тирана. Осоена награда  Ѓон  Мили,  прво место за уметничка фотографија 2008 година.

Изложувала во следните галерии: Artroom-Берлин, Kunstleben- Берлин, Prima Center-Берлин, 23rd colour print biennial – Ирска, Southeast Europe Culture – Берлин, Kabelwerk Stadtlabor – Виена, Apolonia – Fier, Schillerpalais – Берлин, Ludwig Maximilian University – Munich, Stiftung Überbrücken – Берлин, Kulturhuset – Boras, Producers Club – Њуjорк