Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Истакнати професионалци од Македонија

ВЕСНА РОХР АНЧЕВА

Весна Рохр Анчева е родена на 8 април 1959 во Струмица. Матурира во гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Скопје, за потоа да дипломира на Филозофскиот факултет – Институт по психологија. Подоцна се запишува на првите отворени постдипломски специјалистички студии по психологија во 2005 година,  завршувајќи ги со одбрана на тезата „Стимулирање на надежта кај училишни деца со емоционални проблеми“.

Влегува во историјата на факултетот како прв специјалист со највисок просек.

Стекнувајќи се со многу сертификати, се здобила и со пребогата пракса, работејќи како наставник по психологија, вработена на барање на учениците, но и како новинар во неколку ТВ медиуми. Како специјалист во Заводот за ментално здравје на деца и младинци „ Младост“ во Скопје,  фокусот на нејзината работа го насочува најмногу на емоционалните проблеми кои се јавуваат како последица при развод и загуби од секој вид. Истовремено била и успешен едукатор во неколку проекти.

Кон крајот на 2009 се иселува во Montreux, Швајцарија, каде што е мажена и се посветува на советодавната работа за Македонците. Перманентно работи и на промоција на Македонија во Швајцарија.
Член е на Федерацијата на Швајцарските психолози со што се стекнала со титулата FSP психолог.
Креира сопствен проект „Мојот живот и јас“ кој е всушност семинар, предавања и работилници во рамките на Позитивна психологија за раст и развој на личноста и справување со проблеми. Главни теми се Надеж, Семејство, Родители, Деца, Комуникација, Насилство, Емоционална интелегенција...
Активна е со Интернет публикации на теми од Позитивна психологија, но најчесто на Интернет страната
http://doktori.mk/vesnarohranceva/ каде има свој профил.
Има неколку интереси и хоби кои продуцираат во лични Интернет страници, покрај личните страници од доменот на професијата. Се занимава со фотографирање и кулинарство. Вљубена и инспирирана од нашата традиционална кујна, во комбинација со убавата фотографија, чувар е на многу наши вредности.
Постојано потенцирајќи ја Надежта како основен двигател на личноста, често го дава и својот личен модел за живеење на сите на кои им е потребно, посебно кога се чини невозможно да се продолжи понатаму.
Многу често е учесник во  хуманитарни настани каде го дава својот придонес, длабоко верувајќи во човековите вредности.