Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Истакнати професионалци од Македонија

ЈАНЕ АЛКУШОВСКИ

ЈАНЕ АЛКУШОВСКИ - Летото 2004 год. на 16-год. возраст, заедно со неговиот помал брат се преселуваат во Малезија, на неодредено време каде неговите родители добиваат работа.Уште првата година се запишал да го усоврши англискиот јазик и да се здобие со кфалификации како предуслов за да може да се запише во интернационално училиште. Не ни сонувал дека еден ден ке биде дел од џетсетот на таа земја, ке оди на родендени на познати личности од јавниот живот на Малезија, меѓу кои и принцезата а каде што има и многу елитни гости на забавите.

Алкушовски во Куала Лумпур пред три години завршил меѓународен туризам и деловен менаџмент за туризам, а, во меѓувреме, освен што се познава со кралското семејство, работи и како модел. Освен факултетот, кој го завршил на 22 години, во Куала Лумпур на еден од интернационалните колеџи, следејки твининг-програма од Швајцарија, тој посетувал и разни курсеви кои му го збогатуваат животот.
Интересно е да се спомене дека е член на Организацискиот комитет на првата гастрономска конференција, која се одржала во Малезија 2007 год.,потоа работел и како амбасадор за препознатливи марки за канадски вина што се прават од замрзнато грозје и за кубански цигари. Учествувал и на „Гурмет-фестивал“ во Куала Лумпур во 2009 год.,кој е светски познат фестивал и каде може да се учествува само со покана. Официјални партнери на овој фестивал се „Мерцедес-Бенц“, „Канон“, „БМВ“ и министерството за туризам на Малезија.
Работењето во хотели каде цената за едно ноќевање е од 700 долари па нагоре, и каде што гости се луѓе од џетсетот, познати личности од целиот свет, холивудски суперѕвезди и политичари, му ги проширирило видиците и кругот на пријателствата. Потоа кариерата ја продолжил во хотелот „Голден палм три“,како менаџер одговорен за организирање настани, забава, бањи, спортски активности. Овој ресорт е единствен во Азија и многу сличен на тој во Дубаи.
Бил задолжен за односи со јавноста кога возачот на Ф1 Луис Хамилтон и тимовите на „Ред бул“, „Ферари“ и „Мекларен“ биле сместени во ресорт 2011 година за време на одржувањето на трката од шампионатот во Ф1.
За жал, во Малезија има само две семејства од Македонија, иако има и млади кои доаѓаат да работат на проекти на определено време,но потоа си заминуваат.
Но и покрај тој факт, настојуваме на секаков начин да ја промовираме Македонија во најдобро светло на овие простори и да бидеме амбасадори во вистинска смисла на зборот-истакнува Алкушовски.
 
 
 
Александра М. Бундалевска
( превземено од „Република“) 
 
Подготвил: З. Спасов