Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Истакнати професионалци од Македонија

Александра Настеска

Александра Настеска е родена и израсната во Македонија, каде што на млада возраст прв пат станала гласноговорник за правата на жените. Нејзината кариера во медиумите и комуникациите започнала како дописник за националните мрежи, каде што го исполира нејзиниот концепт за развој и проект за вештини во планирањето. Александра лобира и работи со млади кои што имаат пречки со движењето со полно работно време, а исто така и работи како соработник во Центарот за унапредување и одржување на стабилна состојба во економијата во Ванкувер, Канада.

Како македонска претставничка за Монтреал, Александра Настеска, активист за зачувување на животната средина, е еден од добитниците на наградата топ 25 имигранти во Канада за 2013. Наградата, чии добитници ги бираат граѓаните, ги слави непознатите успешни приказни на најистакнатите имигранти. Настеска е првата Македонка која ја добила оваа престижна награда.
На Настеска, која беше една од 600-те номинирани и една од 75-те финалисти, наградата и е врачена на церемонија во Торонто, хостирана од страна на Нил Коксал, познат новинар и водител на канадски вести.