Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Уметници од Македонија во светот

Андријана Цветковиќ

Андријана Цветковиќ, авторка на краткиот филм „Пурпур и злато“,прави спој на македонската со јапонската традиција. Нашата публика имаше можност во последните неколку месеци да се запознае со нејзиното творештво преку изложба на фотографии, проекции на кратки филмови, предавања на ЕСРА. Скромна, тивка, со занесен глас и со интонација што не ви дава да ја напуштите просторијата, Цветковиќ во последните години навлегува во длабочините на јапонската култура, особено со филмот. Зборува јапонски. Дипломирала на Филмската академија во Софија од каде што заминала во Јапонија.

Заминала на двегодишна специјализација во областа на дигиталните филмски технологии, а остана седум години така што и докторатот, како и голем дел од нејзините научни истражувања ги посвети на јапонскиот филм, преку кој се обидува да ги декодира јапонската култура и менталитет. Сепак, она што прави повторно да се вљубува во Јапонија се кроткоста, љубезноста, скромноста, чесноста и трпеливоста на Јапонците, особини на кои им се восхитува и кон кои и самата се стреми.
 
Јапонците се секогаш отворени и многу љубопитни да научат нешто повеќе за преостанатиот дел од светот, особено за древна земја каква што е Македонија, што тие ја поврзуваат со Александар Македонски. Но, повеќе од тоа ретко кој знае. Сликата за Македонија е платно што ние Македонците, кои можат да ја промовираат земјата, треба допрва да го насликаат за да можат Јапонците да не запознаат подобро. Имено, во јули во Универзитетот „Цкуба“ во Токио ќе има конференција посветена на балканскиот филм.
 
Андријана Цветковиќ е поканета да го претстави македонскиот филм, особено делата на Милчо Манчевски, кој и е познат на јапонската публика. Тоа што таа одлично го зборувам јапонскиот јазик, кој, се разбира, секогаш ќе го доусовршува, е голема предност за неа како режисер и научник.