Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Истакнати професионалци од Македонија

Горан Чобановски

Горан Чобан салон, токму вака гласи брендот кој младиот битолчанец Горан Чобановски (36) години со талент и со труд го создаде во Чикаго, Америка. Чобановски е професионален фризер и за 13 години престој во Америка успеа да се наметне како искусен занаетчија и да отвори два салона токму во срцето на Чикаго, во Линколн Парк и Ривер Норт.

Приказната за овој современ македонски печалбар, во суштина, не е ништо поразлична од сите оние животни судбини, на Македонците откорнати од родното огниште и заминати по белиот свет, за да ја скројат поубава и поразлична приказна на својот живот. Но, оваа приказна зборува токму за упорноста, трудољубивоста и самодовербата на младите Македонци да успеат да се самореализираат во туѓина. Иако од мал бил исклучително талентиран за сликарство, особено за цртање портрети, сепак целиот свој уметнички талент во животот го насочил во креирање фризури, и во тоа успеал.

Чобановски ја добил Америка на лотарија. На свои 22 години аплицирал за виза и ја имал таа среќа да биде избран.