Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Истакнати спортисти од Македонија во светот

Андреа Зумрова

МАКЕДОНСКАТА ВАТЕРПОЛИСТКА ФОРМАТА ЈА ОДРЖУВА ВО ШТИПСКИОТ БАЗЕН

Андреа Зумрова е прва и засега единствена Македонка што тренира ватерполо. Таа е член на екипата Маверик, со која пред три години освои бронзен медал на првенството на Онтарио. Дваесет и две годишната Андреа ова лето го посети дедо си во Штип. Како што вели Андреа, дедо и неколку пати доаќал кај нив во Канада, но ова лето таа решила да му возврати со посетата на Штип. Додека е кај дедо, формата и кондицијата ги одржува на штипскиот базен, каде плива секој ден, најчесто краул иако омилен стил е пеперутка. Иако е речиси постојано во вода, бидејќи тренира девет пати во седмицата, сепак наоѓа време и затрчање, па така на последниот голем маратон во Канада на кој учествувале 1000 учесници се пласирала во средината.
Инаку, Андреа Зумрова живее во Мисисага, град во близина на Торонто, со своите родители, од кои ја добива најголемата поддршка.
Анита по завршувањето на факултетот по криминалистика, се запишала на медицински факултет, со намера кога ќе заврши да работи во судска медицина.