Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Истакнати спортисти од Македонија во светот

Влатко Андоновски

МАКЕДОНЕЦ НАЈДОБАР ТРЕНЕР ВО САД

Тренерот на ФК Канзас Сити и поранешен фудбалски репрезентативец на Македонија, Влатко Андоновски е избран за најдобар тренер на женски фудбалски тим во националната лига на САД. По него следат повеќе звучни американски имиња од тој спорт. Триесет и шетс годишниот Андоновски со својата екипа го освои второто место на табелата.
Во изјавата тој вели дека е многу почестен што ја прима оваа награда, како избран меѓу сите други одлични тренери. Најблагодарен им е на играчите, објаснувајќе дека само поради нив ја добил престижната награда. „Лесно е да биде добар тренер со толку одлични поединци„, заклучи Андоновски.
ФК Канзас Сити со 38 поени и 11 победи низ целтот првенство го делеа првото место во лигата.
Андоновски во професионалната кариера играл за повеќе македонски тимови, а во 2000 година заминал за САД, каде потпишал за Вичита Вингс, во Националната американска професионална фудбалска лига. Потоа продолжил во Канзас Сити Кометс, Калифорнија Кугарс, за кариерата да ја заврши во фудбалската лига во сала, односно тимот Филаделфија Кикс.