Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Уметници од Македонија во светот

Љупчо Самарџиски

УМЕТНИКОТ САМАРЏИСКИ И ДОНИРА ДЕЛА НА МАКЕДОНИЈА

Македонскиот уметник, кој долги години живее и твори во Малта, Љупчо Самарџиски, ќе донира свои дела на неколку институции во Македонија. Едно од тие дела ќе ја краси и новата зграда на Македонската филхармонија. Станува збор за една од трите слики од циклусот „Ода на радоста“, долга три метри, а широка два. Едната од трите слики од овој циклус е подарена на Париската опера, втората на манифестацијата „Валета, Европска културна престолнина за 2018 година“. Авторот смета дека Македонската филхармонија ја заслужува третата слика од циклусот.
Слики ќе добијат и Министерството за култура, музеите на град Скопје и на современата уметност, Националната галерија на Македонија и Културно – информативниот центар во Скопје.
Неговата изложба, насловена „Спирит оф пијано“, содржана од 27 масла на платно, патува во повеќе европски земји, а секаде ќе трае по еден месец.во моментов постановката е во Црна Гора, потоа заминува во Србија и Словенија, а на крај изложбата ќе им биде претставена на љубителите на ликовната уметност во Австрија. Изложбата во Австрија ќе ја отвори македонскиот амбасадор во таа земја, Ѓорѓи Филипов.