Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Истакнати научници од Македонија во светот

Јасна Богдановска

СТУДЕНТИТЕ ВО АМЕРИКА ЌЕ ЈА УЧАТ ГАЛИЧКАТА СВАДБА

Јасна Богдановска, редовен професор по фотографија на Универзитетот Рочестер, во државата Њујорк, престојуваше во Галичник за целото време додека траеше Галичката свадба и неуморно ги регистрираше свадбарските обичаи и ритуали, пејзажите на преубавата природа во тој дел на Македонија, архитектурата на куќите, музеите... таа истакнува дека Галичката свадба е манифестација која автентично ги негува традициите на свадбарските обичаи и ритуали, на песните и ората и на се она што ни е исконско. Како на професор по фотографија Галичката свадба одамна и бил предизвик, сакала да направи сесија фотографии од сите обичаи и ритуали, изведени оригинално, во прекрасната галичка носија. Преку фотографијата ја проучува Галичката свадба и социолошки и антрополошки. Кога ќе се врати во Америка, уште на првиот час на стдентите ќе им одржи предавање за Галичката свадба, бидејќи за неа целото ова доживување, заедно со прекрасните пејзажи и архитектурата на камените куќи, претставува нешто прекрасно, оригинално, уникатно, неповторливо.

Јасна Богдановска објаснува дека студентите се интересираат за традициите, како за база врз која се градиме секој посебно како индивидуи. По првата фасцинација од фотографиите на студентите им се објаснува нивното подлабоко значење, односно нејзината и нивната поврзаност со ритуалите од нивното минато и како тие ги обликувале самите нив.
Додека е во Македонија, професорката Богдановска ќе ги посети Богомила, Солунска Глава, манастирот „Свети Јован Бигорски“, женскиот манастир во дебарското село Рајчица, островот Голем Град во Преспа, Смоларски и Колешински водопади, Охрид, Струга и Кратово.
По враќањето во САД ќе ги приврши подготовките за планираните изложби, како и пишување на неколку научни трудови од областа на фотографската критика и историјата на модерната фотографија што ќе бидат објавени наесен.