Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Истакнати научници од Македонија во светот

Ферид Мурад

Д-р Ферид Мурад, е роден 1936 г. во Вајтинг, Индијана. Неговиот татко Џабир Мурад Ејупи ( роден е во с. Лакавица, Гостивар) , заминува за САД 1913 г. Кратко работи во Детроит а подоцна и во Чикаго. 1935 г. татко му стапува во брак со Хенриета Џозефина Боумен, од Илиноис. Имаат мал хотел - ресторант во Вајтинг, Индијана каде што живеат. Нивните три машки деца - Ферид, Абдураман и Туран постојано им помагале во работата. Самиот Ферид вели дека од родителите по мајка, наследил голема хуманост и сочуство за луѓето, што ја определило и неговата идна професија ( уште како 12-годишно момче ).

Со Карол Ен Леополд се оженил 1958 г., со која има пет деца и за која вели дека е пожртвувана мајка и негова голема подршка. Како младинец имал ограничени финансиски средства, затоа паралелно со студиите работел и друго, за да може да го издржува семејството. Ги бирал училиштата каде имало можности за добивање стипендии. Работел како практичар со напорни дежурства и на лабораториски истражувања - негова најголема пасија. Со оглед на извонредните академски постигнувања, имал можности да добива финансиски средства за своето напредување во школувањето.

 

Медицина завршил во Кливленд, Охајо, а на истиот универзитет докторира во 1965 г. За целиот свој работен век бил извонредно активен, секогаш жеден за нови информации од областа на медицината и пред се од областа на клиничката фармакологија ( за што добива и Нобелова награда ). Долги години работи како универзитетски професор, автор е на бројни трудови, авторски и коавторски пред се од областа на клиничката фармакологија. Ке наброиме некои од неговите поважни функции:

  • Професор на Одделението за Интерна медицина и фармакологија, медицински факултет, Шарлотсвил, Вирџинија.

  • Директор на Клиничкиот истражувачки центар, медиц. Фак. Во Шарлотсвил, Вирџинија.

  • Професор, Одделение за Интерна медицина и Фармакологија, Станфорд универзитет, Калифорнија.

  • Директор на Пало Алто Медицинскиот центар, Калифорнија.

  • Професор на Одделението за фармакологија, Чикаго, Илиноис.

  • Вице-председател на АБОТ Лабораториите при Фармацеутскиот истражувачки центар, Илиноис.

Добитник е на повеќе значајни награди, меѓу кои:

  • ЦИБА наградата во 1988 г.

  • Наградата за истражување во областа на медицината ‘‘ Алберт Ласкер‘‘ во 1996 г.

  • Нобелова награда

за медицина и физиологија во 1998 г. за откритијата ‘‘ на нитричкиот оксид како сигнален молекул во кардио-васкуларниот систем ‘‘

Д-р Ферид Мурад сеуште е активен во својата професија и како инвентивен истражувач и како динамичен универзитетски професор. Живее и работи во Хјустон, Тексас.