Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Истакнати научници од Македонија во светот

Анета Стефановска

ПРОФЕСОРКАТА СТЕФАНОВСКА ГО РАЗБРАНУВА СВЕТОТ СО „ТЕСТОТ НА СМРТТА“

Професорите Анета Стефановска и Петер Мек-Клинток преку ноќ до-бија планетарна популарност откако беше објавена веста за револу-ционерниот пронајдок со кој може да се предвиди животниот век на човекот. Во последните неколку дена нивните телефони не престану-ваат да ѕвонат, а сандачињата во електронската пошта им се препол-ни со барања за интервјуа и за гостувања во емисии. Двајцата науч-ници веќе имаа десетина радиоинтервјуа и четири телевизиски госту-вања во Британија, а статии за овој пронајдок се напишани во повеќе од 50 реномирани светски магазини и списанија во Европа, САД, Ки-на и во Австралија. Професорката Стефановска, која потекнува од Крива Паланка, го претстави новиот пронајдок и на јавноста во Македонија.
 
Јас не работев само на овој проект. Беше потребно да се расчистат многу работи, да се добијат многу нови сознанија и да се воведат нови методи за анализа, па и да формулираме нова физика на живи системи за да можеме да дојдеме до формулација на она што го патентиравме како ендотелиометар. Значи, истражувањата сеод еволутивен карактер и течат веќе дваесетина години. За тоа време беа вклучени околу 20 докторски студенти и околу 10 постдокторски истражувачи во Љубљана, а потоа и во Ланкастер. Соработувам и со многу групи во светот - и тоа од различни струки: физичари, инженери, математичари, компјутерски научници и, пред се, стручњаци од различни гранки на медицината и физиологијата. Тешко е да се издвојат имиња, ама би го споменала д-р Алан Бер-њак, кој докторираше кај мене и потоа остана уште две години како постдокторски истражувач. Со Алан сме автори на патентот. Би го издвоила и професор Петер Мек-Клинток, со кого успешно соработу-вам речиси 15 години.
 
Да објаснам како функционира ласерот. Ласерската светлост е многу важна за системот, ама не е единствена. Таа е кохерентна и ни овозможува прецизни мерења на брзини на движење на флуиди, во овој случај црвени крвни зрнца. Важен е и Доплеровиот ефект меѓу пратената и одбиената светлост, врз основа на кој се одредува брзината на движење на црвените крвни зрнца. Ласерската светлост е неинвазивна, па затоа употребуваме извори со мали моќи. Но, важно е дека со неа можеме да мериме движење на крвта во најмалите жили, а тоа се капиларите. Нивните ѕидови се состојат само од ендотелни клетки. Инаку, ендотелни клетки има секаде во кардиоваскуларниот систем, ама во поголемите жили околу нив има слоеви на други клетки. Во нашето тело има толку многу ендотелни клетки што со нив може да се покрие фудбалско игралиште. Тоа, всушност, е најголемиот орган во нашето тело,ама луѓето малку се свесни за тоа. Пред се, затоа што е секаде и никаде. Улогата на ендотелиумот не може да се изрази доволно. Ние тврдиме дека неговото правилно работење го одредува нашето здравје и кога тој престанува добро да работи, се оди погрешно. Не случајно, тој овозможува кислородот и хранливите состојки да стигнат до сите наши клетки. Малку се знаело за неговата улога до пред 30 години. Се мислело дека неговата улога е да спречи крвта да излезе надвор од жилите. Сега, а особено по 1998 година кога беше доделена Нобеловата награда за физиологија, за улогата на ендотелиумот, се повеќе се открива колку е важен тој. Значи, за нашиот метод е многу важно да сме таму каде што има само ендотелни клетки. Нивната функција се менува со староста. Ако работат добро, реагираат на температура на еден начин, а ако не, на друг. Значи, ние имаме и Пелтиеров елемент, со кој локално го грееме подрачјето каде што мериме (неколку квадратни милиметри) и мериме задоцнување на срцевиот пулс до тоа место. Ако ендотелиумот работи добро, задоцнувањето е помало отколку кога не работи добро. Но, не е лес-но да се издвои и пулсот во капиларите, каде што е мала разликата меѓу систолниот и дијастолниот притисок. Тука доаѓа нашата можеби единствена експертиза зашто мојата група работи на анализа на сиг-нали, кои личат на шум, ама всушност не се тоа. Ние развивме единс-твени алгоритми со кои можеме, со минимални грешки, да го одре-диме времето на поминување на пулсот до капиларите на кожата. Значи, нашиот систем има меморија, извор на ласерска светлост и систем за контрола на температура. Сето тоа може да се минимизира натаму и дури да биде помало од „часовник", кој сега го развиваме.
 
Како што веќе споменав, ендотелната реактивност е битна за речиси сите функции во нашето тело. Ако може да се мери неинвазивно, тогаш можеме да измериме колку сме здрави како организам. А, мерењето е лесно - трае до пет минути и може да се повторува секојдневно. Во меморијата може да се стави база на податоци, така што новите вредности секогаш може да се споредуваат со тие од базата. Односно, податоците од денес да се споредат со тие од вче-ра. Така може да се евалуираат влијанија на лекови или, можеби, аконекој одлучил да смени животен стил, може да следи како му се ме-нува генералното здравје. Може да провериме дали старееме пребр-гу. А, врз работата на ендотелиумот влијае тоа како се оксигениран^ ткивата, па така можеме да забележиме дали дошло до хипоксија (недостиг од кислород) на ткивата, која е основа на многу заболува-ња, на пример деменција.
 
Овој пронајдоке систем за мерење и како таков не може да го продолжи животот, но може да не натера да сме повнимателни во однос на тоа што јадеме и колку се движиме. Може да ни укаже дека ендотелната реактивност сенамалува и да не алармира пред да се појават сериозни проблеми, на пример срцев или мозочен удар.
Помеѓу светската научна јавност,главно доживуваме ентузијазам. Но, и ние и другите стручњаци сме свесни дека не чека уште многу работа за да можеме да го дадеме ендотелиометарот на лекарите и тие да го употребуваат со сигурност. Се зависи од тоа колку пари ќе имаме во на редните години, дали тоа ќе се случи за пет или за десет години.
Луѓето ќе можат да го користатоткако ќе завршат неколкуте потребни фази. Првата фаза очекуваме да ја завршиме за три-четири години. Потоа следува минијатуризација, а истовремено и соби-рање податоци за базата. Идеално би било да имаме неколку илјади податоци. Мислам дека ќе поминат од пет до десет години до верзи-јата за лична употреба, која не би требало да биде поскапа од 500 евра, па и помалку.
Како што веќе споменав, ендотелиумот се наоѓа секаде во нашето тело и веќе има неколку статии што укажуваат на неговата улога во Алцхајмеровата болест или во деменцијата. Ние завршуваме со обработка на податоци од студија во која јасно гледаме дека ендотелната функција е сменета каде што има меланом. Понатаму, ендотелиумот е многу чувствителен на хипоксија, а се повеќе и повеќе има студии што укажуваат на поврзаност меѓу хипоксија на ткивата и заболувања од рак. Така што, очекувам многу интересни студии од оваа област.
Тоа не значи добиена битка во борбата со ракот. Ако имаме можност на аларм дека нешто се менува, би можеле да избегнеме некои компликации и заболувања со тоа што ќе смениме животен стил, пред се да го намалиме стресот и да престојуваме на чист воздух што повеќе. Сепак, лекување мора да постои.
 
Имам со контакти и со неколкумина колеги од Македонија. Годинава објавивме заедничка статија во меѓународен стручен магазин од областа на физика, така што една од адресите беше од Македонија. Иако не се растажувам лесно, ми течеа солзи од радост. Во Ланкастер имам двајца соработници од Македонија: едниот докторираше, а другиот наскоро ќе докторира. И двајцата се брилијантни и многу се гордеам со нив.
Убаво е помладите научни работници во земјава што се стремат да постигнат големи научни достигнувања да имаат можност да поминат неколку години на престижни институции во светот за да дојдат во контакт со најновите трендови и истражувања. Воедно, за да си направат мрежа на соработници со кои ќе останат во контакт и откако ќе се вратат во Македонија. Многу е важно на какви проблеми ќе работат: мене не ми се чини важно да работам на модерни проблеми, туку на суштински проблеми. Ако проблемот на кој се работи е добро формулиран и сместен на некој начин во животот, тогаш тој, ако се решава на светски ниво, ќе донесе најмодерни и воедно најоригинални решенија.
 
Инаку, родена сум во Крива Паланка, каде што пораснав и завршив средно образование, каде што имав прекрасно детство и каде што имам пријатели кои при секоја посета на Крива Паланка ми даваат чувство како никогаш да не сум заминала оттаму. А, всушност, заминав пред 37 години. Најпрвин во Словенија, каде што дипломи-рав и докторирав, а дел од докторатот го работев во Штутгарт. Во Љубљана бев вработена до пред осум години кога заминав во Ланка-стер, каде што сум вработена како редовен професор на Одделение-то за физика.
Гроздоберот во најраното детство (потоа, за жал, ги искоренија лозјата), потоа играњето џамлии и секојдневно пребројување колку си ќарил или загубил, скитањето по ридиштата околу Паланками се најдрагите спомени од детството. Голема радост ми беше да и донесам на мајка ми кокичиња или јаглики во рана пролет. Возење велосипед со другари од Паланка до Жедилово, играње кошарка, извидници, први симпатии, шах со братучедите и во клубот, игранки во Ловечкиот дом. Шетање по град со другари и долги дискусии за се и сешто. Татко ми и мајка ми на кои сум многу горда. Растење со сестра ми.
 
Во Македонија доаѓам еднаш годишно. Лани бев две недели, а годинава ќе бидам една недела. Најмногу сакам да престојувам во Крива Паланка, ама и да посетувам и откривам нови места. Историјата посебно ме интригира, така што посетувам места кои има-ат историско значење. Се разбира, се трудам да се сретнам и со род-нини и со пријатели.