Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Истакнати спортисти од Македонија во светот

Саша Огненовски

НЕ СЕ ПРЕДАВАВ ПРЕД НИКОЈ И ПРЕД НИШТО

Саша Огненовски е фудбалски репрезентативец на Австралија. За себе вели дека никогаш не бил особен талент за фудбал, но со работа и упорност го постигнал тоа што е денес.
Роден е во Мелбурн, започнал да игра фудбал во Престон Македонија, а најголемите успеси ги постигнал со екипата на Аделаид (финале на лигата на шампионите на Азија) и за Сеонгнам од Јужна Кореја (како капитен стана азиски првак во 2010 година и беше избран за најдобар фудбалер на Азија за таа година). Прв тренер во Престон Македонија му бил Симе Велковски, кој го научил се за спортот и дисциплината. Со самопрегорна работа и напони тренинзи стаса до фудбалската репрезентација на Австралија со која следната година ќе дебитира на Светското првенство во Бразил.