Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Истакнати научници од Македонија во светот

ПЕТАР ПОПОВСКИ

 
Охриѓанец по потекло, Петар Поповски е првенец на Електротехничкиот факултет во Скопје во генерацијата 1997. Дипломираниот електроинженер, магистрира само по три години на истиот факултет, каде што се вработи како асистент во Институтот за телекомуникации. Во 2001 година заминува за Данска, на докторски студии на Универзитетот во Алборг. Од 2004 работи како доцент на истиот Универзитет, а Министерството за наука на Данска го прогласи Поповски за најуспешен млад, елитен истражувач за 2008 година, за постигнати исклучителни истражувачки научни резултати во светски рамки. Од 2012 е редовен професор и води своја истражувачка група со десетина истражувачи: студенти, докторанти и постдокторанти. Во моментов тој и неговата група работат на неколку истражувачки проекти, од кои еден е големиот проект на ЕУ од ФП7 програмата МЕТИС 2020, во рамките на кој се прават големи чекори кон безжичната 5Г-технологија.

Петар во Данска живее со синот, ќерката и сопругата Искра, исто така вонреден професор на Универзитетот во Алборг.