Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Истакнати научници од Македонија во светот

НЕВЕНКА ДИМИТРОВА

Невенка Димитрова по дипломирањето информатика на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, кусо време работела како професор во средното училиште „Корчагин“ и подоцна како асистент по математика на департманот за машинско инженерство на Електротехничкиот факултет во Скопје. Заминува од Македонија во 1989 година за да ги продолжи постдипломските студии во САД. САД во тој момент беше лидер во таа област, револуцијата со персоналните компјутери почна токму во тој период, а најдобрите компании и универзитети беа преку океанот.

Невенка сега е директорка на Истражувачкиот центар на „Филипс“. Нејзината работа се состои од создавање пронајдоци кои го подобруваат човековиот живот. „Филипс“ е компанија за висока технологија и нивниот центар е моторот за иновации. Во првиот дел на нејзината кариера работела на електронски уреди за широка потрошувачка, а сега е на системи за поддршка на клиничките дијагнози кои користат геномни податоци за да ги подобрат резултатите на пациентите во онкологијата.
Димитрова досега има објавено повеќе од 130 научни трудови и 50 патенти.