Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Истакнати професионалци од Македонија

Димитри Димитров

Димитри Димитров е роден Македонец, а неговото семејство , поточно неговата сестра Натка со семејството , се уште живее во Скопје. Неговото школување почнало на негова 18-годишна возраст кога заминал од Македонија , во Велика Британија. Таму работел во екслузивни ресторани каде што го усовршувал протоколот за услужување на британското племство, но набргу со својот партнер кој бил Германец отворил и свој ресторан. Потоа заминал за Монтреал во Канада а во 80-тите години од минатиот век заминал за Лос Анѓелес. Сега во своите шеесетти години од животот , тој зад себе има веќе неколку децении поминати во најекслузивните локали како менаџер и домаќин. Последните 20 години тој е заштитен знак на најпознатото место на сите холивудски ѕвезди во Холивуд хотел ,, Сансет Тауер’’. Токму со неговата работа и менаџирање успева да се запознае со многу познати ѕвезди од музиката и филмот како што се Лајонел Ричи , Шон Пен, Пенелопе Круз , Мич Глејзер филмски сценарист , продуцент и актер како и други познати личности од музичко-филмската уметност. Менаџерската работа исто така допринела во местата каде што работел гости да бидат и познатите Џенифер Анистон, Бред Пит и Анџелина Џоли , Мик Џегер како и се подолгиот список на познати личности.Исто така вредно е да се напомене дека и самиот играл во два филма од негови пријатели кои му биле клиенти. Денеска неговата сестра со гордост кажува како нејзиниот брат секогаш помагал на други Македонци кои биле таму, и честопати во неговот дом и преспивале. Епитетот “Жива легенда” со право го носи овој наш Македонец кој е пример за успешен менаџер.