Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Уметници од Македонија во светот

Сема Али Ерол

СЕКОГАШ ПИШУВАМ ЗА ЗАТВОР, ЗА ЅИДОВИТЕ

Режисерката, драмска писателка и сценаристка Сема Али Ерол е родена воСкопје, а веќе девет години живее и работи во Истанбул, Турција. Нејзини претстави, како „Малечката“, „Небо без рамка“ и „Комши – капиџик“ се веќе поставени во Македонија. Со постановката на „Малечката“ во Турскиот театар, во режија на Димитар Станковски, има освоено Гран – при на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, а со другата постновка во режија на Владимир Милчин, гостуваше на фестивало „Стеријино Позорје“. Освен тоа, драмата е влезена во француската антологија на дваесет и осум драмски автори во светот кои пишуваат на турски јазик.
Оваа година Сема Али Ерол се претстави на МОТ како режсерка на своја сопствена драма, кој премиерно беше изведена на сцената на МКЦ. Претставата е во продукција на еден од најзначајните алтернативни театри во Турција, а негов основач е актерот и режсер Кемал Кочатурк.
По завршувањето на студиите по драматургија, Сема заминува во Истанбул каде запишала постдипломски студии. По завршувањето на студиите веднаш почнала да работи на и како сценарист на филм, на серии, документарци и така останала во Истанбул.
Многу и се драги и двете постановки на „Малечката“ во Македонија, сега и таа самата се претставува пред македонската публика како режисер на истата драма. Смата, како автор, вели дека секогаш пишува за ѕидовите кои и се многу интересни и ја фасцинираат, ѕидовите меѓу луѓето, ѕидовите во нас, во самиот човек, ѕидовите меѓу културите и љубовта која може да биде лајтмотив за кршење на истите. Секогаш пишува за на таа тема, а само приказните, синопсисите и карактерите се различни.
Учеството на МОТ многу и значи, бидејќи го прикажува текстот се кој се пробила во Македонија.
Сепак, колку и да волшебен Истанбул, колку и да е динамичен животот во него, сепак потребата од мир и тишина многу често ја враќа во Македонија.