Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Уметници од Македонија во светот

ГАЛИНА МАЛАХОВА

Родена е во Словенија, голем дел од животот го има поминато во Скопје, во 2008 година се преселува во Трст, Италија, а моментално живее во Постојна.

Таа е македонска уметница, која веќе неколку години живее и твори во Словенија, каде што го привлече вниманието со своите оригинални мозаици, па критичарите веќе ја нарекуваат основоположник на модерниот словенечки мозаик. Малахова е претседателка на словенечкото Друштво на културни авантуристи, а досега имала голем број изложби.
Дел од семејството Малахови меѓу двете светски војни емигрира од Русија во Македонија, каде што неговите членови оставиле голем печат врз македонската култура и наука. Нејзината баба, Марија Малахова, која завршила Ликовна Академија во Париз, за Етнолошкиот музеј во Скопје создава прекрасен албум, збирка на рачно изработени цртежи на народните носии од цела Македонија. Изработувала и макети од старата македонска архитектура, кои и ден-денес се чуваат во архивот на Етнолошкиот музеј. Сестрата на дедо и, пак, Светлана Малахова, е основоположник на првиот куклен театар во Македонија и заедно со Глигор Прличев се основачи на Драмскиот театар во Скопје.