Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Уметници од Македонија во светот

ДЕЈАН ДИМИТРИЕСКИ

Во далечната 1973 година Дејан Димитриески заедно со сестра си и родителите заминаа од Македонија за Детроит. Тоа бил град каде што морал да расте многу брзо. Немало време да се биде дете. Детството поминато во насилнички кварт, остава траги во несозреаната психа.

Овие спомени, 40 години подоцна, Димитриески ќе ги преточи во книга.
„Солзи за мојот град: автобиографија на бело момче од Детроит“ им овозможува на читателите срцепарателен поглед во реалноста на животот во 1980-тите години во Детроит. Во услови кога насилството на бандите го достигна својот врв, а младите луѓе го воздигнуваа животот на дилер на дрога, многу деца ги загубија своите млади надежи во подземјето на бандите. Еден човек ја раскажува приказната за својата неверојатна борба да ја смени својата речиси сигурна иднина на убиства, дрога и насилство.
Книгата „Солзи за мојот град“ е добитник на повеќе награди. Ја освои наградата на Парискиот фестивал на книгата 2013 за „Најдобра автобиографија“ и беше второпласирана на Холивудскиот фестивал на книгата 2013 „Најдобра автобиографија“.