Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Истакнати иселеници политичари

КРИСТОФ НАЈДОВСКИ

   КРИСТОФ НАЈДОВСКИ – е заменик градоначалник на Париз од македонско потекло-член е на Зелените кои се дел од сегашното мнозинство во Париз.Тој е 43-годишен француски политичар избран од членството на „ Европа Екологија Зелените“ за нивни кандидат за градоначалник на Париз и на изборите закажани за пролетта 2014 год.

Роден е во Париз, 1969 год., но неговите предци се од Битола и ја посетува често.Одлично го зборува македонскиот јазик и на покана од Лилјана Поповска,председател на сестринската партија ДОМ , го има посетено Скопје во рамките на трибината „Зелените искуства од Париз за зелени решенија во Скопје“ каде ги сподели начините и моделите за зачувување на зелените оази, септември 2012 год.
За разлика од партиската еколошка идеологија, професионална специјалност на Најдовски му се претшколските установи-градинките, кои во Париз ги има над 700. Раководи Управа во која се вработени 8.000 луге и која има годишен буџет од 60 милиони евра.
 
 
 
 
 
(Превземено од Дневник – автор А.П )
Подготвил: З.С.