Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Уметници од Македонија во светот

МАРИЈА АЛЕКСАНДРОВА

МАРИЈА АЛЕКСАНДРОВА   родена во Прилеп, дипломира сликарство на Белградскиот универзитет а веќе четириесет години континуирано твори во својата нова татковина Австралија. Таа е учесничка на овогодинешната Интернационална кичевска ликовна колонија во Куќата на уметноста во селото Кнежино.

Досега има четири самостојни изложби во Сиднеј, каде што живее, а има учествувано на неколку групни изложби на Австралија. Посакува да е учесник и на други колонии во земјава, да учествува на групни изложби, а би сакала своите слики да ги претстави во родниот Прилеп.
Потврда дека моите врски со татковината се нераскинливи е инспирацијата што ја црпам за моите дела , во кои доминантна тема е мојата родна Македонија – вели Марија.
 
  
 
 
(Превземено од Н.Македонија-автор: З.А.)
Подготвил: З.Спасов