Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Уметници од Македонија во светот

ДАРКО КОСТОВСКИ

Македонскиот пијанист Дарко Костовски уште на 15-годишна возраст ја напуштил македонија и заминал на студии на Музичката академија во Келн, Германија. Дипломирал во класата на професор Арбо Валдма. Повеќе од десет години успешно го трасира патот на врвен пијанист, за што се доказ многубројните солистички концерти со светски познати оркестри и диригенти.

Со Лиза Марија Шуман во 2010 година го формирале дуото „Дали“. Веќе три години континуирано настапуваат на фестивали и одржуваат концерти низ цела Европа.
Омилен композитор му е Фредерик Шопен и од таа причина во неговиот репертоар преовладуваат неговите дела.
 
Подготвила: Д. Ангелова